Претседателот Пендаровски со честитка за Велигден: Да внесеме светлина и топлина во нашите животи!

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА и сите православни верници во земјава.

„Имам особено задоволство и чест да ви го честитам најголемиот христијански празник –Велигден и да ви посакам празничните денови да ги поминете во радост и среќа, исполнети со хармонија и добра мисла.

Празникот на христовата победа над смртта има посебно место во срцето на секој христијанин и инспирира вера, надеж и љубов. Посакувам овие празнични денови да се посветиме на најблиските и да даруваме насмевки, ведрина и оптимизам. Заедно да придонесеме за просперитетот, напредокот и благосостојбата на нашата татковина.

Најискрено се надевам дека Велигден ќе ни донесе добра мисла, оптимизам и инспирација за правење добри дела и помагање на сите на кои им е потребна помош и поддршка без разлика на религиската или етничката припадност. Да внесеме светлина и топлина во нашите животи осмислувајќи ги и спротивставувајќи се на сите кризи, проблеми и искушенија.

Христос воскресна!“ се вели во честитката на претседателот Пендаровски.

Поврзани новости