Претседателот Пендаровски најверојатно ќе прогласи вонредна состојба

by fokus

За неколку часа, претседателот Стево Пендаровски најверојатно ќе прогласи вонредна состојба, дознава “Фокус”, поради состојбата со корона вирусот.

Ваквиот предлог треба да стигне од Владата, и да се испрати во Собрание, за да на крајот во зависност од одлуката на претседателот на Собранието, да заврши во рацете на Пендаровски.

Прогласувањето на вонредната состојба е според членот 125 од Уставот.

Пендаровски досега велеше дека негова лична оценка е дека, согласно денешната состојба, вонредна состојба не треба да биде воведена, но остави можност да се размислува и за таа опција во зависнот од новите информации.

Вонредна состојба во услови кога е распуштен парламентот прогласува преседателот на државата.

В.В.

Поврзани новости