Претседателот Пендаровски имаше средба со претставници на Синдикатот на контролори на летање

by Fokus

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ги прими Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролори на летање и Горан Гавровски, член на синдикалниот одбор.

На средбата, како што информираа од кабинетот на претседателот Пендаровски, тој ги поддржал заложбите на синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ АД – Скопје, која што е дел од критичната инфраструктура во државата.

Пендаровски уште еднаш го осудил насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа институција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории и повика на расчистување на случувањата во најкус можен рок, имајќи предвид дека станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај.

Пендаровски го реафирмирал ставот дека ничиј личен или политички интерес не може да биде над правниот поредок и непреченото функционирање на институциите.

Поврзани новости