Претседателот Пендаровски го пречека италијанскиот претседател Матарела

by fokus

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти прес-службата на Кабинетот напретседателот, Пендаровски и претседателот Матарела одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Италија, политиката на проширување на Европската Унија, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и во Европа.

Претседателот Пендаровски, изразувајќи задоволство од традиционалниот интерес и континуираната јасна и безрезервна поддршка на Италија за македонските евроинтеграции, порача дека интегрирањето на Северна Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија е во интерес на регионалната безбедност и просперитет.

По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е претседателот Пендаровски и претседателот Матарела да одржат заедничка прес-конференција во 10:45 часот.

Поврзани новости