Претседателот Пендаровски даруваше крв во американската амбасада во Скопје

by Fokus

Претседателот Стево Пендаровски, заедно со синот Огнен, денеска даруваше крв на хуманитарен настан организиран од Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

Хуманитарниот настан за дарување крв и донирање храна, организиран во соработка со Црвениот Крст и Институтот за трансфузиологија, годинава се одржува по 15-ти пат во сеќавање на трагичните настани од 11 септември 2001 година.

Поврзани новости