Предизвиците со кои се соочува Уставниот суд и активностите кои се преземаат за нивно надминување биле тема на денешната средба на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати и амбасадорот на Унгарија во Република Северна Македонија, Ласло Иштван Дукс.
Како што соопштија од Устваниот суд, претседателот Мурати, го запозна амбасадорот со содржината на решенијата коишто се вградени во нацрт-законот за Уставниот суд, преку кои би се остварила буџетската и административната независност на Судот, како начин за целосно остварување на улогата на овој суд и како орган на Републиката.
Покрај ова, се додава, беше акцентирана и работата на Уставниот суд изразена преку двата главни столба-заштитата на уставноста и законитоста и заштитата на слободите и правата на човекот и граѓанинот, која Судот ја врши за ограничен број слободи и права согласно член 110 алинеја 3 од Уставот.
На оваа средба, претседателот на Судот Мурати, изрази искрени желби за соработка со Уставниот суд на Унгарија,заради размена на искуства од областа на уставно-судското работење.
Од страна на амбасадорот на Унгарија, беше изразена поддршка за активностите со коишто беше запознат, стои во соопштението.