Претседателот на Црна Гора бара советници, сите заинтересираните да му испратат CV

by Fokus

Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на Твитер ги повика заинтересираните за позиција во советничкиот тим на претседателот да испратат своја биографија до 7 мај.

„Ги поканувам сите заинтересирани граѓани со завидни академски и професионални референци, како и морални вредности – кои веруваат дека како дел од советничкиот тим и преку работа во кабинетот на претседателот, би можеле да дадат свој придонес во општествениот развој на нашата земја да го испратат своето CV на predsjednikcrnegore@gmail.com до 7 мај“, напиша Милатовиќ на Твитер.

 

Поврзани новости