293
Претседателот на Собранието може да ја прекине седницата доколку нема кворум за одлучување, а може да ја прекине и во ситуации за кои тој ќе оцени дека треба да ја прекине, изјави Талат Џафери вечерва во емисијата „Вин вин“ на Телма. Тој ова го изјави во врска со седницата за гласање на уставните измени.
„Мое ексклузивно право е да оценувам дали да прекинувам седница или не. Ова право ми е загарантирано со Деловникот, рече Џафери.
Според Џафери за претседателските избори нема дилема дека тие мора да бидат редовни, а за да бидат редовни мора да бидат во последните 60 дена од мандатот на актуелниот претседател на државата. Мандатот, како што рече, завршува на 12 мај.