Претседателот на Синдикатот на машиновозачите: Раководството на Железници врши психолошки притисок да го прекинеме бојкотот, секој ден суспендираат дел од машиновозачите

by Fokus

Претседателот на Синдикатот на машиновозачите Тони Димовски тврди дека раководството на на Железници на РСМ Транспорт АД-Скопје врши психолошки притисок  врз машиновозачите да го прекинат бојкотот поради тоа што им доцни исплатата на јулската плата со тоа што секој ден суспендираат дел од нив.

-Вчера беа суспендирани 12 наши колеги, денес на 7 други им се дадени реенија за отсранување од работно место и дека се на 50% од плата. Со тоа прават мобинг и притисок на вработените за да го прекинеме бојкотот што го почнавме на 25-ти минатиот месец. Бараме да ги дадат сите решенија за суспенција, но не ги даваат. Секој ден нови колеги добиваат вакви решенија, изјави Димковски.

Машинскиот извршен персонал од 25-ти минатиот месец ја бојкотира работата во Железници и бараат да им се исплати вториот дел од платата за јули.  Железници на РСМ Транспорт АД-Скопје е во целосна државна сопственост.

-Бојкотот на работата значи дека доаѓаме на работа а не ги извршуваме нашите работни задачи и од 25-ти железничкиот сообраќај е во колапс. Бараме да ни се исплати вториот дел од платата за јули и бараме преговори и нам да ни се покачи коефицињентот за пресметка на плати, исто како што тие ги покачија своите, бидејќи ние сме тие што ги заработуваме парите во оваа фирма, рече Димовски.

Вработените кои бојкотираат изјавија дека платата со сите додатоци им е неполни 40.000 денари, по што вчера следуваше демант од раководството Железници на РСМ Транспорт АД-Скопје, кои тврдат дека машиновозачите земаат плата над 67.000 денари.

Денес Димковски ги демантираше овие изјави и рече дека нето платата им е неполни 40.000 денари со сите додатоци за ноќни дежурства, квалитет на работа, работа на празници. Тој рече дека покрај исплата на платата за јули бараат и зголемување на коефицинстите по кои им се исплаќаат платите.

 

 

 

Поврзани новости