436
Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Раџапакса му испрати меил на Парламентот, каде поднесува оставка од претседателската функција.
Тој и неговата сопруга вчера побегнаа на Малдивите со авион на воздухопловните сили.
Сега, Раџапакса слетал во Сингапур, каде бил во „приватна посета“, според тамошните власти, а ниту побарал, ниту му е одобрен азил.
За време на викендот, демонстранти упаднаа во неговата претседателска вила, а вчера ја зазедоа и канцеларијата на премиерот Ранил Викрамасинге, кој брзо ја презеде функцијата вршител на должноста претседател.