Претседателот на Никарагва – Даниел Ортега ги критикуваше премиерот на Израел – Бенјамин Нетанјаху и претседателот на Украина – Володимир Зеленски.
Во својот говор, како што пренесуваат тамошните медиуми, тој го осуди Нетанјаху, споредувајќи ја неговата политика со онаа на нацистите.
„На чело на израелската влада е премиер кој е син на ѓаволот. Зошто? Затоа што тој ја практикува политиката на терор како Хитлер“ – рече Ортега.
Тој ги нападна западните поддржувачи на Израел, велејќи дека акциите на земјите од ЕУ и САД или ќе ја „одведат планетата до тотална војна“ или ќе доведат до нивен целосен пораз.
Со Хитлер, Ортега го спореди и Зеленски.
„Зеленски е уште еден нацист, уште еден син на Хитлер, кој сака да го компромитира НАТО за да војува против Русија“, рече тој.