654
Македонската асоцијација на рударството (МАР) при Стопанската комора на Северна Македонија, на сите рудари им го честита 28ми август, Денот на рударите, посакувајќи им многу здравје и успех во понатамошната работа.
Македонската асоцијација на рударството како препознатлив и активен чинител во стопанството, ќе продолжи да се залага за унапредување на деловниот амбиент и заштита на интересите на своите членки пред институциите на национално и меѓународно ниво, целејќи кон динамичен, стабилен и независен раст на рударството како една од позначајните стопански гранки во нашата држава, стои во честитката од Претседателот на МАР Николајчо Николов, до компаниите кои се занимаваат со оваа дејност.