Претседателот на бугарскиот клуб Цар Борис Трети во Охрид, Томе Блажески, се огласи на социјалните мрежи со свој став по повод реакциите околу Ванчо Михајлов и цар Борис Трети, и нивната улога во историјата.
Според охриѓанецот, работата била дали да се смее или да плачи.
-Најгорди во Македонија сме на историското ВМРО, а од друга страна сме против последниот водач на истото…
Еден дел од ВМРО до пред балканските војни го славиме, после тоа, се срамиме или жалиме.
Дал да плачиме или се смееме, до таму е работата!
Ванчо Михајлов е Македонија!
За Цар Борис III Обединител, за нас Македонците или македонските Бугари Ослободител од српското крваво ропство толкувано од некој 1913-1941 за други,1918-1941.
Денес најголем ,,враг” на ова општество, само заради историската вистина да не исплива, и денес народот од двете страни да не е во добри односи како некогаш-објави Блажески.
Неговиот став е објавен и на официјалната страница на клубот Цар Борис Трети.
Инаку, за Блажевски пишувавме и лани во ноември, кога стана актуелен по отворањето на бугарскиот клуб во неговиот роден град Охрид.
Неговите сограѓани беа изненадени бидејќи решил да отвори клуб именуван според контроверзна историска личност, и раскажуваа дека во градот бил познат како продавач на маски додатоци за мобилни телефони на тезга.
Неговите родители пред дваесеттина години останале без работа и се преселиле во Канада, а тој навлегол во друштво на луѓе кои посредувале за бугарски пасоши и започнал да навлегува во историски книги кои ги донел од Бугарија.
За време на отворањето на клубот, во Охрид се одржа протест, а присутните порачаа дека немаат ништо против бугарски клуб, но не со името на царот Борис Трети или пак било кој контроверзен историски лик.
Вики Клинчарова