Претседателот на Хаити убиен во неговиот дом

by fokus

Претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, е убиен во напад извршен во неговата приватна резиденција, јавија локалните медиуми.

Во изјавата на привремениот премиер на Хаити, Клод Џозеф, се вели дека смртоносниот напад се случил денеска во раните утрински часови.

-Група лица кои не се идентификувани, кои некои зборувале шпански, ја нападнале приватната резиденција на претседателот на Републиката и смртно го повредија шефот на државата, напиша премиерот.

Поврзани новости