442
Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос изрази жалење за жртвите и изрази сочувство и поддршка до семејствата на загинатите во невремето на Халкидики, а на повредените им посака побрзо закрепнување.
Сочувство и жалење изразија и од Министерството за надворешни работи на Грција преку официјалниот Твитер профил, при што се потенцира дека се во континуирана комуникација со амбасадите на земјите чии што државјани беа погодени во невремето.