604
Претседателот на Финска Саули Нинисте (70) го посетил Саемот на книгата во градот Турку. Тој бил и за да го слушне говорот на неговата сопруга Јени Хауко, но се соочил со мал проблем.
Во местото каде се одржувал Саемот на книгата немало место, а никој од присутните не сакал да стане, па Саули без проблем си седнал на скалите, а фотографијата од него направена во оваа пригода се прошири на социјалните мрежи и го воодушеви светот.