Претседателот на Австрија се вози со метро

by Fokus

Ова не е прв пат претседателот на Австрија, Александар Ван дер Белен, да користи градски превоз за да се движи низ Виена. Првиот човек на Австрија Ван Дер Белен повторно ја воодушеви јавноста и покажа дека функцијата, моќта и славата не го промениле.

Тој е фатен на слика како се вози со метро во Виена, како секој друг граѓанин во тој град. Не бил опкружен со обезбедување и цело време стоел и мирно го листал весникот кој го носел со себе.
Ова не е прв пат Ван дер Белен да користи градски превоз за да се движи низ Виена. Истото се случило и во јануари, а во таа прилика фотографијата ја сподели на својот Инстаграм профил.

Поврзани новости