Претседателот на Албанскиот парламент утре во посета на Македонија

by fokus

Претседателот на Парламентот на Република Албанија, Грамоз Ручи утре ќе престојува во посета на Собранието на Република Македонија каде ќе има  тет-а-тет средба со неговиот македонски колега Талат Џафери.

Ручи утре ќе се сретне и со Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија и ќе даде изјава за медиумите.

Поврзани новости