452
Претседателот на Парламентот на Република Албанија, Грамоз Ручи утре ќе престојува во посета на Собранието на Република Македонија каде ќе има тет-а-тет средба со неговиот македонски колега Талат Џафери.
Ручи утре ќе се сретне и со Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија и ќе даде изјава за медиумите.