Претседателот Иванов под истрага на ОЈО

by fokus

Основното јавно обвинителство пренесе дека, постапувајќи по две анонимни кривични пријави во врска со непотпишувањето на Законот за јазиците и Договорот од Преспа, постапува во предистражна постапка, во насока на проверка на наводите во пријавите, пренесува „Слободен печат

„Со таа цел веќе се побарани податоци и информации од Собранието на Република Македонија и од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија за тоа кога се донесени одлуките во законодавниот дом, односно дали и од кои причини не се потпишани од страна на Претседателот“, се вели во соопштението од ОЈО.

Поврзани новости