63
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, поднесе оставка на функцијата согласно Член 115 од Деловникот за работа на Собранието.
Тој го овласти потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, да претседава со пленарната седница закажана на 26 јануари 2024 година.
Претходно денеска оставка до Собранието достави и премиерот Диммитар Ковачевски, со што во оставка е и целата Влада.
Со тоа се создадоа услови да отпочне процедурата за формирање на техничка влада за подготовка на избори чијшто технички премиер ќе биде досегашниот собраниски спикер Талат Џафери.