Претседателот на СКСМ Бранко Азески, денеска (24.5.2022 година) во Белград ќе биде панелист на централниот панел на првиот „Open Balkan Forum“, кој ќе се одржи во хотелот Хилтон. Останати учесници на главниот панел ќе бидат српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, советничката на албанскиот премиер Еди Рама, Одета Барбулуши и претставници на Стопанските комори на Србија и Албанија.
Целта на оваа прва конференција е да понуди механизам од страна на организацијата на цивилното општество, некој вид на поддршка за иницијативата Отворен Балкан како поддршка на натамошните интеграции, а ќе придонесе и за продлабочување на хармонизација на прописите помеѓу нашите држави. Учесници ќе бидат познати економисти, врвни менаџери, меѓународни организации, развојни агенции, дипломатскиот кор. Попладнето претседателот Азески ќе гостува во живо и на неколку телевизии на кои ќе се третира ова прашање.
ПР текст