105
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада, при што упати честитки за нивниот избор, посакувајќи им успешна работа во исполнувањето на стратешките цели на државата, економски напредок и подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Претседателката изрази очекување од новиот владин состав совесно, чесно и одговорно да ја реализира поставената програма за работа, во согласност со македонските национални интереси и интересите на граѓаните.