За денеска е најавено дека Судскиот совет ќе одржи работна средба со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми. Таа е повикана на средба со членовите за, како што се посочува, последните случувања и објавени написи во медиумите за политички притисоци врз судиите во највисокиот суд.
Од Судскиот совет, посочија дека како тело кое согласно законот има обврска во смисла на член 2 од Законот за судскиот совет да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, како и во врска со член 11 од истиот закон, кој го гарантира слободното судиско одлучување без никакви влијанија и притисоци.
-Во последните неколку дена во медиумите се објавени повеќе написи за политички притисоци врз судиите на Врховниот суд, реакции на политички партии, како и интервјуто на претседателката на овој суд, Беса Адеми, сметаме дека е неопходно да ја информираме јавноста дека евентуалното вршење на притисоци од каков било вид судиите, е недозволиво и крајно загрижувачко – истакнаа од Судскиот совет.
Информираа дека претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев остварил телефонски разговор со претседателката на Врховниот суд Адеми заради остварување работна средба со членовите на Советот, заради, како што се посочува „ова исклучително важно и сензитивно прашање“.
Работна средба е закажана денеска во 11 часот во просториите на Судскиот совет.