Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, поднесе оставка

by Fokus

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева поднесе оставка од функцијата. Таа ја соопшти веста на денешната прес-конференција.

Рече дека изминатиот период, од страна на некои политичари се правеле обиди да се наруши нејзиниот личен интегритет.

„Премиерот Христијан Мицкоски, токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет, со кој раководам има некакви кланови и се фалсификуваат записници“ рече таа.

Дамева посочи дека ја донела одлуката за да го заштити својот углед, но и семејството.

Премиерот Мицкоски, на собраниската седница за пратенички прашања рече дека Дамева сакала незаконски да си го продолжи мандатот

Поврзани новости