Претседателката на Собранието на Албанија во посета на земјава

by Fokus

Претседателката на Собранието на Република Албанија, Елиса Спиропали денеска ќе биде во посета на Македонија.

Според собраниската прес-служба, Спиропали ќе оствари неколку средби.

Предвидено е да има тет-а-тет средба со претседателот на Собранието, Африм Гаши, а најавени се и средби со лидерот на ДУИ – Али Ахмети и со Талат Џафери, поранешен претседател на Собранието, како и со лидерот на СДСМ – Венко Филипче.

По средбата со Гаши предвидена е да има изјава за медиумите.

Поврзани новости