Претседателката на Словенија во посета на Македонија

by Fokus

Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар утрово пристигнува во официјална посета на Македонија, каде што ќе биде примена со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија, од  претседателот Стево Пендаровски во вила Водно, информираат од Кабинетот на претседателот.

Програмата на Мусар вклучува тет-а-тет средба со Пендаровски и пленарна седница на делегациите на Македонија и Словенија, како и средби со претседателот на Парламентот, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски.

Пирц Мусар ќе говори и на свечена седница во Собранието, а претходно заедно со Пендаровски ќе положи цвеќе врз гробот на Гоце Делчев во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје.

Поврзани новости