Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев по повод Денот на Европа и да ја изрази својата поддршка за Украина.
Таа пристигна со ноќен воз од Полска, а во Киев ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Непосредно пред нејзиното пристигнување, во Киев два часа се слушале сирени за противвоздушна одбрана.
Украинскиот претседател вчера потпиша декрет со кој во неговата земја 9 мај се слави како Ден на Европа наместо ден на комеморација на победата над нацистичка Германија, како што се слави во Русија во советската традиција.
„Ја поздравувам одлуката на претседателот Зеленски да го прогласи 9 мај за Ден на Европа. Украина е дел од нашето европско семејство“, изјави Фон дер Лејен за новинарите во возот за Киев.
Таа рече дека нејзиното присуство во Киев по повод 9 мај е симболично, но и знак дека „ЕУ работи рака под рака со Украина за многу прашања“.