Претседателката на Антикорупциска ужасната што ДУИ се финансирала од јавни претпријатија

by fokus

Претседателката на Антикорупциска комисија, Билјана Ивановска, шокирана од информациите дека владејачката партија ДУИ ги финансирала своите изборни кампањи со средства од јавните претпријатија.

Потсетена од водителката дека во 2016 година излегоа информации дека вработени во јавните претпријатија каде директорувале кадри на ДУИ, дозволиле од платата да им се одбиваат средства кои завршувале на контото на партијата, во вечерашното гостување на Топ Тема, Ивановска рече дека тоа било ужасно.

-Ние сега имаме ингеренции да постапуваме во иднина при таков случај. Партиите треба да ни доставуваат финансиски извештаи. Будно ќе ја следиме кампањата, веќе направивме план, и наша цел е да ги заштитиме буџетските ресурси. Финансирањето на политичките партии е предмет на наша опсервација, добро ќе ги анализираме финансиските извештаи – рече Ивановска.

Невладини организации и медиуми во 2016 година апелираа дека има прекршување на законот за финансирање на изборната кампања кај ДУИ. Оваа партија во својот финансиски извештај како донатори ги имаше Македонски пошти, Државен студентски дом, Дирекција за заштита и спасување, Македонски железници-инфраструктура, и Аеродроми на Македонија.

Поврзани новости