Претседателката на Антикорупциска тврди – Власта не ги гледа оценките од меѓународната заедница!

by Fokus

Првата антикорупционерка, претседателската на ДКСК, Билјана Ивановска вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека досега многупати прочитале дека нема напредок во извештајот и затоа не треба да сме изненадени од лошите оцени на меѓународната заедница.

„Ние постојано укажуваме на тоа. ДКСК дава препораки, невладините укажуваат на тоа и тогаш сите се глуви. Кога доаѓа заедницата да ни ги каже реално оценките, тогаш се чудиме. Власта не ги гледа оценките. Тоа е зрелоста на нашето општество“ – вели Ивановска.

Според Ивана Петковска од Коалицијата за правично судење, нема изненадување од извештајот особено во делот на правосудството и корупцијата.

„Изненадени се други кои не очекувале дека ќе има ваков извештај. На сите констатации во извештајот веќе ги алармиравме преку анализи, реакции, документи и порано, а државните институции останале глуви. ЕК го потврдува сето тоа со извештајот и тој има негативни коментари и уназадување на состојбите во изминатите години“ – вели Петковска.

Тона Карева Талеска од Хелсиншкиот комитет, пак, рече дека работите се доведуваат до степен каде стануваат многу лоши.

„Погрешно се претставува во јавноста дека кога ќе ги почнеме преговорите, се ќе решиме. И некои реформи што треба да се адресираат и да се постапи во однос на нив се наведени во извештајот. Извештајот е реален и ја отсликува состојбата во државата. Се гледаат и последиците и ЕК ги препознава тие предизвици кои ние како невладини организации сме ги истакнале. Одлуката на Владата да не ги гледа тие оценки е политичка“ – рече Карева Талеска.

Поврзани новости