Водачот на криминалната група „Барон“ познат во јавноста како Аќиф Јусуфи се најде на списокот на помилувални лица од страна на претседателката Гордана Сиљановска – Давкова.
Аќифи е прв на листата на помилувани, но под името Акиф Равманоски, но според информациите на “Фокус” тој е Акиф Јусуфи кој е водач на групата „Барон“ за која во неколку продолженија пишуваше неделникот „Фокус“.
Аќифи учествуваше во пукањето што се случи неодамна во Чаир кога тој и уште еден затвореник кои биле на работен ангажман ранија едно лице, припадник на групата Грчец.
Според одлуката, на Аќифи изречената казна му се заменува со условна осуда за време од три години.
Аќиф инаку е сопственик на кафулето „Барон“ кое беше запалено во февруари и на социјалните мрежи имаше објавено фотографии со со водачот на „Беланоца“, Фатљум Ајети – Тоте кој исто така беше во „Идризово“ на издржување на затворска казна, а сега казната затвор ја издржува во Куманово.
На списокот на помилувани се најде и Шенол Маслани, брат на познатиот Шенки „Версаче“, кој беше уапсен во 2019 година во голема полициска акција кога полицијата заплени пушки, пиштоли, луксузни автомобили, пари и дрога. Овие двајца му се братучеди на Тоте од „Беланоца“.
Оваа група прв пат беше спомената кога неделникот „Фокус“ пишуваше за скопското подземје. Таа се „брендирала“ според кафуле кое се наоѓа во Чаир. Во неа членуваат повратници од боиштата во Сирија, истренирани борци кои се борат да земат дел од криминалниот пазар и имаат две имиња.
Таа почна да се споменува по двојното убиство во „Шиша бар“ кога беа убиени Јетон Кривањева- Жила и Енес Исеинов-Љаци од групата „Дуќанџик“.
Потоа следуваа апсења на припадници на групата „Барон“, но и убиства на припадници на оваа група.
Засега нема официјална потврда ниту од Управата за извршување на санкции ниту од кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова за помилувањата, кои се лицата според кои критериуми се помилувани.
Ф.Ф.С.