Претреси во Велешта, пронајдена дрога, приведен дилер

by Fokus

Приведен 20-годишен жител на струшкото село Велешта, кај кого била најдена дрога, информираа од министерството за внатрешни работи.

„На 27.04.2023 полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода Б.В.(20) од с.Велешта, струшко. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и три дробилки со остатоци од марихуана“, соопштија од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости