Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-СНТДООМ, во координација со ОВР Кичево вчера го лишиле од слобода кичевчанецот А.М.(23), поради основано сомнение дека извршил кривично дело недозволена трговија со дрога – хероин и марихуана.
Имено, во 21.00 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Кичево извршен е преглед на А.А., при што била пронајдена марихуана, за која изјавил дека ја набавил од А.М. од Кичево.
-По претходно издадена наредба од судија на претходна постапка од Основен суд Кичево, од страна на полициски службеници од НККР – ОНТДО Кичево во периодот од 21.50 до 23.00 часот, извршен е претрес во дом, други простории и возила кај А.М.(23) од Кичево, при што се пронајдени и одземени 18 опаковки со хероин, ќеса со марихуана, кутија со остатоци од марихуана, три дигитални ваги со остатоци од марихуана, нагорени алуминиумски фолии, зипер ќеса со остатоци од марихуана, информираат од МВР.
По завршување на претресот, во координација со Јавен обвинител од ОЈО Кичево, А.М. бил приведен во полициска станица Кичево, каде по комплетирање на целокупната документација ќе му биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.