Претреси во „Дојче банк“, германското обвинителство истражува инвестициска измама

by fokus

Германски обвинители денеска вршат претрес во канцелариите на „Дојче банк“ во Франкфурт по наводите за злоупотреба на еколошки производи.

Претресот е дел од истрагата за наводите дека „Дојче банк“рекламирала инвестициски производи како „позелени“ отколку што всушност биле.

Истражителите извршиле претрес по сомневање за инвестициска измама во канцелариите на банката и нејзината подружница за управување со средства, се наведува во соопштението на Обвинителството во Франкфурт.

Поврзани новости