144
Приведени две лица од битолско, кај кои било најдено оружје и муниција.
Според информациите се работи за П.Ј.(68) од Битола и Т.Г.(61) од с.Канино, битолско.
Имено, при извршен претрес со судска наредба од Основен суд Битола во куќа сопственост на П.Ј.(68) од Битола беа пронајдени и одземени 14 пушки, пет пиштоли, два револвери, разни делови за оружје и околу 300 куршуми различен калибар.
При претрес во с.Канино, битолско во домот на Т.Г.(51) од с.Канино, пронајдени и одземени се две ловни пушки, една воздушна пушка, еден пиштол, разни делови за оружје, како и патрони за пушка.
Лицата се лишени од слобода и по документирање на случаите ќе бидат поднесени кривична пријава.