120
На 24.07.2024 во 14.25 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Т.(26) од Велес.
При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, семки од канабис, растение канабис сатива, дигитална вага и пари во различни валути и апоени.
А.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.