Претрес во Тетово, пронајден кокаин

by Fokus

На 28.11.2024 во 18.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(35) од Тетово.

При претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин и предмети со остатоци од кокаин.

Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Поврзани новости