Полицијата вчера го уапси 38-годишниот Д.Ц. од село Добри дол, Сопиште откако по претходно добиени оперативни сознанија извршиле претрес во неговиот дом. При претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, во вредност од околу 20.000 евра.
Денеска (31.08.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште. При претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра – соопшти МВР.
Д.Ц. е приведен и задржан во полициска станица и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка.