Претрес во Скопје, пронајдени дрога, оружје, пари, мобилни телефони

by Fokus

Полициски службеници вчера извршиле претрес во домот на Б.Ј.(39) во Скопје, при што биле пронајдени 30 банкноти во апоени од по 20 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражба на банкомати, пет пиштоли, една кеса со бела грутчеста материја, мобилни телефони и друго.

Исто така, полициските службеници извршиле претрес на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, при што биле пронајдени вреќи во кои имало 21 ќесиња марихуана и други предмети.

– Пронајдените предмети се подигнати и предадени на вештачење. По целосно документирање на случајот, против Б.Ј. ќе бидат поднесени кривични пријави по член 396 „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и член 215 „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од КЗ – информираат од МВР.

Поврзани новости