479
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода М.М.(45) од Скопје.
-Врз основа на судска наредба, извршен е претрес кај М.М., на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени две пакувања кафеава прашкаста материја, една дигитална вага и седум куршуми калибар 9мм.Лицето е приведено во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по комплетно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од МВР.