373
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода 25-годишниот скопјанец П.П.
Како што информираат од МВР, по претходно добиени оперативни сознанија и судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана и две дигитални ваги.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.