0
На 23.10.2024 во 13.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(35) од Скопје.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.