Претрес во ресенско, пронајдена дрога, приведен дилер

by Fokus

На 06.12.2024 во 19.30 часот од страна на полициски службеници од ОВР Ресен и полициски службеници од СВР Битола бил лишен од слобода Е.А.(51) од с.Грнчари, ресенско.

По добиена наредба од Основен суд Битола, извршен е претрес во домот и помошни простории, сопственост на Е.А. во с. Грнчари и при претресот биле пронајдени и одземени саксии со марихуана, кеси со марихуана, семки и гранки од канабис, дробилка, различни предмети за одгледување на канабис…

По документирање на настанот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости