Претрес во Охрид: пронајдена дрога, приведено едно лице

by Fokus

На 08.04.2024 во 23.30 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода С.К.(54) од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела материја, шише со течност и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости