Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведени двајца дилери

by Fokus

Приведени две лица во Охрид кај кои била најдена дрога.

На 14.12.2023 во 20.10 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, по преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишиле од слобода Љ.З.(40) и Ж.Р.(33), двајцата од Охрид. Тие биле затекнати во близина на станот кој го користеле и при преглед кај нив, кај Љ.З. биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со бела прашкаста материја, додека кај Ж.Р. била пронајдена и одземена поголема сума на пари.

Подоцна, при претрес во станот, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени една ќеса со повеќе пакувања бела прашкаста материја, ќеса со бела грутчеста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани новости