Претрес во Куманово, пронајдени пиротехнички средства

by Fokus

На 19.12.2024 во 20.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Р.К.(36) од Куманово.

При претрес во неговиот продажен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу 500 парчиња пиротехнички средства. Р.К. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Поврзани новости