422
МВР информира дека денеска полициски службеници од Единицата недозволена трговија при СВР Скопје во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(31) од с. Кондово, Скопско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, автоматска пушка, неколку куршуми за автоматска пушка и осум саксии со развиени стебла од канабис сатива.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.