603
Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера во 16:30 часот го лишија од слобода Ш.Ј.(21) од гостиварското село Равен поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што информира МВР, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом во село Равен, при што биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.