0
На 17.10.2024 во 13 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода С.В.(28) од Гевгелија. При претрес на две локации во Гевгелија кои ги користи лицето, по дадена судска наредба, биле пронајдени марихуана и предмет со остатоци од растителна материја.
Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.