142
Приведен 46-годишен скопјанец кај кого била најдена пушка и муниција.
Според информациите од МВр, се работи за З.М.(46) од Драчево.
Имено, по претходни сознанија и добиена наредба од Основен кривичен суд Скопје бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени една ловна пушка и 44 ловни патрони.
Лицето е приведено и задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.